Утрински Весник
Македонија

„Процесот беше долг и со многу барања“, Трајчева задоволна од исходот во Стразбур за борба против перењето пари и финансирање тероризам

„Процесот беше долг и со многу барања“, Трајчева задоволна од исходот во Стразбур за борба против перењето пари и финансирање тероризам

Усвоен е нацрт – извештајот за евалуација на Македонија во борбата против перење пари и борба против финансирање тероризам во Советот на Европа во Стразбур. Со ова се заокружи петтиот круг на евалуација на системот за спречување на овие криминални дела.

dobivaj vesti na viber

Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, која ги бранеше позициите на Македонија, посочува исходот за нашата земја е позитивен.

„Процесот на евалуација, кој траеше две години, беше долг и многу захтевен. Се вложи многу напор од сите институции што беа вклучени во овоі процес и затоа и резултатот е позитивен. Присуството на работната група пред пленарната седница, а и на самата пленарна седница е едно огромно искуство, особено што беше отворена точка за дискусија што секако го засега обвинителството, па оттука можноста да присуствувам и да ја бранам земјата во име на правосудството и трудот што го имаме вложено во насока на борбата против корупцијата, претставува огромна сатисфакција за мене како јавен обвинител и на еден начин препознаваье и на мојот личен труд вложен во работата“, вели Трајчева за „Макфакс“.

Усвојувањето на извештајот значи дека Македонија има усогласени стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот, со „Moneyval“, Комитетот на експерти за евалуација. Воедно, неговото усвојување покажува дека ефикасно се спроведуваат стандардите преку правосудните органи.

На пленарниот состанок во Стразбур учествуваа претставници Управа за финансиско разузнавање, Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Министерство за внатрешни работи, Народна Банка, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурување и Централен Регистар.

Можете да прочитате

Градоначалниците на Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат Меморандум за соработка за Преспанскиот басен

Наутро магла и облачност, попладне дожд

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста