Утрински Весник
Спорт

Проблеми за судијата: Марчинијак влезе во неволји во Полска и си го загрози финалето на ЛШ

Проблеми за судијата: Марчинијак влезе во неволји во Полска и си го загрози финалето на ЛШ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Полскиот судија Шимон Марчинијак е делегиран од УЕФА да го суди финалето на Лигата на шампионите, но по последните случувања се шпекулира дека тој сепак би можел да го пропушти овој голем натпревар.

dobivaj vesti na viber

Шимон Марчинијак е судијата на кој му оди навистина добро оваа сезона. Тој судеше финалиња на Светското првенство и дерби натпревари во други земји.

Неговата работа е високо ценета и благодарение на тоа УЕФА го назначи за судија на финалето од Лигата на шампионите меѓу Интер и Манчестер Сити.

Сепак, Марчинијак влезе во неволја. Здружението „Никогаш повеќе“ кое се занимава со спречување на расизам и други форми на дискриминација во Полска, поднесе пријава против Марчинијак.

Судијата учествуваше на состанокот со Славомир Менцен, еден од лидерите на десничарската партија Конфедерација. Настанот наречен „Еверест“ се одржа на 29 мај.

„Марчинијак присуствуваше на неодамнешниот настан организиран од полскиот екстремно десничарски лидер Славомир Менцен, познат по својот слоган од пет точки: Ние сме против Евреите, хомосексуалците, абортусот, даноците и Европската унија.

Партијата е позната по својот екстремен однос кон етничките малцинства, мигрантите и бегалците, ЛГБТ луѓето и правата на жените“, се вели меѓу другото во соопштението на здружението „Никогаш повеќе“, кое бара од Марчинијак да се „дистанцира“ од оваа партија.

 

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025