Утрински Весник
Спорт

Проблеми за Нагелсман, ѕвездите на Баерн негодуваат за малата минутажа

Проблеми за Нагелсман, ѕвездите на Баерн негодуваат за малата минутажа

На тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, не му е лесно да ја одржува хармонијата во соблекувалната полна со ѕвезди. Според германскиот „Спорт1“, големиот ростер на играчи веќе прави проблеми.

dobivaj vesti na viber

По победата на Баерн Минхен во Милано против Интер (0:2), наголемо се зборува дека неколку играчи се многу незадоволни од својот статус во тимот.

Германскиот репрезентативец Леон Горецка е крајно незадоволен од својот статус во тимот. Серж Гнабри и Џамал ​​Мусијала, на пример, по краткото појавување пред новинарите, се повлекоа кон автобусот без збор, како и новодојдените Рајан Гравенберх и Нусаир Мазрауи.

Нагелсман пред мечот во Милано изјави дека ретко има индивидуални разговори со резервните фудбалери непосредно пред или по објавувањето на составот што ќе игра. Неговото оправдување е дека тоа „обично не води никаде, тие играчи секако се исклучуваат затоа што не играат“.

Вакви проблеми во Баерн Минхен имаше и Нико Ковач, а потоа Ханси Флик успеа да наметне авторитет и да ја смири тензијата.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина