Утрински Весник
Свет

Проблеми при слетувањето на хеликоптер што се користи за превоз на Путин

Проблеми при слетувањето на хеликоптер што се користи за превоз на Путин

Во близина на Москва се урна хеликоптер наменет за транспорт на високи руски функционери, вклучително и Владимир Путин. Ова го пренесуваат „Њусвик“ и „Украинска правда“ а се повикуваат на новинската агенција „Интерфакс“.

dobivaj vesti na viber

Се работи за хеликоптер Мил Ми-8 за кој се вели дека паднал на земја со опашката и сечилата на роторот при слетување на меѓународниот аеродром Внуково (околу 25 километри од центарот на Москва). Според последните извештаи, инцидентот се случил во петокот.

На руска страница на „Телеграм“ објавена  е фотографија која би требало да ги покаже последиците од несреќата.

„Според нашите информации, станува збор за Mi-8MTV-1, произведен во 2013 година и дизајниран за 22 патници“, се вели во објавата на Телеграм.

Се претпоставува дека причина за несреќата е грешка на пилотот.

„Кога хеликоптерот слета, пропелерот се фати на земја и го оштети делот од опашката“, изјавил за агенцијата извор од аеродромот.

Како што јави „Аеротајм“ , хеликоптерот припаѓал на одделот за специјални летови „Росија“, кој управува со авиони за транспорт на руски владини претставници. Не е јасно кој бил во хеликоптерот и дали некој е повреден во инцидентот. Од Русија пристигнаа контрадикторни информации . Истрагите на московскиот аеродром Внукова засега остануваат без одговор.

„Аеротајм“  понатаму известува дека хеликоптерите на владината флота се опремени со специјални одбранбени системи и други модификации за безбедно транспортирање на нивните ВИП патници.

Украинската новинска агенција „Украинска правда“ јавува дека се работи за грешка на пилотот. Според Интерфакс, тешкото слетување можело да биде предизвикано од лоши временски услови или дефект на опремата.

Можете да прочитате

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка