Утрински Весник
Свет

„Признавањето на Косово беше грешка, етноцентричниот шовинизам на Курти не треба да се толерира“, вели германски пратеник

„Признавањето на Косово беше грешка, етноцентричниот шовинизам на Курти не треба да се толерира“, вели германски пратеник

Портпаролот за надворешна политика на Алтернатива за Германија (АфД), пратеник во Бундестагот, Петр Бистрон, рече дека признавањето на Косово било грешка.

dobivaj vesti na viber

„Признавањето на Косово беше грешка, како и едностраната поддршка на Западот за Приштина“, посочи тој.

Во интервју за „Косово онлајн“, Бистрон го оцени како непримерен обидот на косовскиот премиер Албин Курти да ги прикаже Србите како „вазали на Русија“, а Албанците како жртви, додавајќи дека неговиот „етноцентричен шовинизам“ не треба да се толерира во Европа.

„Тоа одговара на вообичаениот наратив во земјите во кои доминираат САД: секој што ќе се најде на патот на американските интереси веднаш се дискредитира како агент на Москва. Етноцентричниот шовинизам што го практикува Курти не треба да се толерира на европската политичка сцена, а камоли да биде поддржан од која било европска влада“, рече тој.

На прашањето како ќе ја оцени актуелната политичка ситуација на Балканот, тој рече дека неговата партија е крајно загрижена од ескалацијата на насилството.

„Тоа потсетува и на фактот дека и покрај масовното воено присуство на меѓународната заедница, конфликтите меѓу косовските Албанци и Србите не се решени во изминатите 24 години“ вели Бистрон.

На прашањето што ги советува Србите во Косово, тој одговара: „Советувам воздржаност во протестите и во исто време непопустливост во политичките барања. Тие се во право. НАТО бомбардирањето на Југославија беше неправда. Насилното отцепување на покраината Косово од територијата на Југославија беше неправда. Нешто создадено од неправда не може долго да трае. Останете доследни. Косово е Србија“ порача тој.

Можете да прочитате

Орбан: Унгарија е против влез на Украина во ЕУ

СБУ разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за кршење на тридневното примирје