Утрински Весник
Македонија

Приведено лице од Кочани, возело без возачка дозвола, во возилото најдена поголема количина брендирана роба

Liseni od sloboda dve lica vo skopje vo vozilo pronajdeni okolu 90 pratki stoka bez soodvetna dokumentacija vozacot upravuval bez vozacka dozvola image.jpg

Вчера (25.06.2026) околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници од Мобилниот тим при Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани.

При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, тренерки, шорцеви и дуксери).


Лицето било лишено од слобода поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 297-а и член 285 од Кривичниот законик и било предадено во Полициската станица од општа надлежност Кочани за понатамошна постапка

Можете да прочитате

СДСМ: Изборниот законик не е услов за ЕУ, туку спроведување фер избори се услов!

Повеќе пожари беснееја во Струмичко – спасени куќи и верски објект од пламените јазици

Сообраќајка во Куманово: Мотоцикл заврши под автомобил