Утрински Весник
Македонија

Приведени три лица во угостителски објект во Тетово поради комар

Приведени три лица во угостителски објект во Тетово поради комар

Три лица се приведени доцна синоќа во Тетово поради комар.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, во угостителски објект на улица „Љуботенска“ во Тетово, приведени се сопственикот на објектот Б.Х.(43) од Тетово, и Ф.Б.(53) од скопско Арачиново и А.Р.(56) од скопски Синѓелиќ, поради сомнение дека сториле кривично дело „комар“, казниво по член 398 од Кривичниот законик.

Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. Во истиот објект, при извршен преглед над Б.А.(34) од скопски Чаир, бил пронајден нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Можете да прочитате

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено

Зајкова: Не сакам да бидам „Ванѓа”, но мислам дека и во нивиот КЗ застареноста ќе остане иста

Нема брза пруга, ќе има мигранти, велат од СДСМ