Утрински Весник
Македонија

Приведени разбојници во Радовиш, во црква се обиделе да одземат пари и го нападнале клисарот

Lisici.webp.webp

На 10.06.2024 во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш.

Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото.

Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

МНР: Македонски државјани во подрачјата со пожари во Грција телефонски се обратиле за информации, засега нема официјална бројка на евакуирани

Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани

МВР: 13 лица повикани поради ширење на лажни информации за водата во Скопје