Утрински Весник
Македонија

Приведени пет крадци во Штип, ги признале делата

Приведени пет крадци во Штип, ги признале делата

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип приведоа двајца 17-годишници и еден 15-годишник од Скопје и од Штип. Тие се сомничат дека сториле четири кривични дела кражба, од кои три извршени на 8, 9 и на 10.4.2023 од продажни објекти во трговски центар во Штип, од каде што биле одземени пари, облека и спортска опрема, а четвртото кривично дело кражба го извршиле на 29.12.2022 од угостителски објект во Штип, од каде што одзеле пари.

dobivaj vesti na viber

Расчистени се и едно кривично дело тешка кражба, извршена на 10/11.3.2023 во продажен објект во Штип за која осомничен и приведен во полициска станица бил Т. З. (45) од Штип и едно кривично дело кражба, извршена на 6.4.2023 од двор на правно лице од општина Карбинци, од каде што биле одземени метални предмети за која осомничен и приведен бил Р. Г. (43) од Штип.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а украдените предмети биле одземени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна