Утрински Весник
Македонија

Приведени малолетници од Скопје и Струмица, украле мотоцикл

Грабеж имало – но не во Скопјанка туку во Бутел

Денеска, во 00.10 часот, на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје од слобода биле лишени двајца малолетници од Скопје и Струмица.

dobivaj vesti na viber

Тие се сомничат дека сториле кривично дело одземање моторно возило, казниво по член 242 од Кривичниот законик.

Имено, малолетниците од улицата Бранислав Нушиќ во Скопје одзеле мотоцикл „кимко“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д. П., кој е пронајден кај нив и вратен на сопственикот.

Со малолетниците извршен е разговор во присуство на социјален работник од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи. За случајот е известен јавен обвинител, а по негово целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вршеле рекет сред пандемија

Левица: Државна лотарија како мегафон на власта – јавните пари се користат за дворски трубадури

Од денес ќе се тестираат и „баждарат“ камерите за „Безбеден град“