Утрински Весник
Македонија

Приведени криумчари на мигранти – 24info.mk

Polici A.webp.webp

На 01.10.2024 во 19.40 часот во с.Табановце, кумановско, на крстосница кон с.Лојане, липковско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода  Б.Р.(41) од с.Матејче, липковско, и Љ.Љ.(32) од Куманово. При преглед во патничко возило „мерцедес” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле  пронајдени две лица мигранти од Непал. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Почна пријавувањето за лотаријата за зелена карта за 2026 година

Кондарко избран за нов претседател на ДИК

Мојсоска : Додека Грција ги крши правата на Македонците – ДПМНЕ и ЗНАМ ја бетонираат Северна