Утрински Весник
Македонија

Приведени криумчари на мигранти

Приведени криумчари на мигранти
300x250 (7)

Денеска (03.10.2022) на автопатот “Пријателство”, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Б.К.(19) од с. Блаце, Скопско и Х.С.(28) од с. Грушино, Скопско.

dobivaj vesti na viber

Во возилото „бмв” со француски национални ознаки, кое го управувал Б.К., биле откриени 12 лица мигранти од Сирија.

300x250 (7)

Во наведеното време, на наплатната станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање и продолжил со движење. Набргу било запрено возилото и тој се дал во бегство, но бил пронајден и лишен од слобода. Додека, Х.С. бил лишен од слобода затоа што со возило „мерцедес”, кое го управувал, бил во улога на претходница.

Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.

Ss1

Можете да прочитате

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата на Северна Македонија

Променливо облачно со повремен дожд

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови