Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица во Струмица, затекнати при купопродажба на кокаин

1706444209 unnamed file.webp.webp

На 15.03.2024 во 23.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмицаги лишиле од слобода Н.М.(35) и А.Ч.(28), двајцата од Струмица. Тие биле затекнати при купопродажба на наркотична дрога, при што кај А.Ч. бил пронајден и одземен кокаин. 

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.М. и  биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, две дробилки, две дигитални ваги, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. 

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Можете да прочитате

Втора жртва од Западен Нил: 24 пациенти на Инфективна, петмина на механичка вентилација

(Видео) МВР во голема акција со Косово и Грција: Запленети 300 килограми марихуана

СДСМ: Јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар, кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?