Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца крадци од Србија кои „оперирале“ во Скопје

Apsenje 1.jpg

Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р.Србија.

Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле 6 кривични дела „тешка кражба” и едно кривично дело „кражба” на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром.

Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците. 

Можете да прочитате

Филипче со тутунарите од Оризари: Огромен е револтот од лошите политики на владата

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност