Утрински Весник
Македонија

Приведени дрвокрадци во Сирково – 24info.mk

Shumska Polici A.webp.webp
Dik 300x250 mk

На 31.03.2024 во 19.30 часот во атар на село Сирково, општина Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода А.Ѓ.(58), Д.П.(60), двајцата од село Сирково, општина Росоман и Љ.Ѓ.(65) од Кавадарци. При преземање на службени дејствија во атар на село Сирково, полициски службеници во содејство со Шумска полиција  ги затекнале А.Ѓ., Д.П. и Љ.Ѓ. со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг.  Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

45 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 66 лица

Директорот на М-НАВ работел како контролор на празник за да добие двојна дневница!?

По две децении промена во Струмица, Петар Јанков го презеде градот од Костадинов