Утрински Весник
Македонија

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

Image 2026 04 27 214057634.png

Денеска на ул.”Панајот Гиновски” во Ѓорче Петров во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР, лишен од слобода е возач на автобус марка “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, кој вршел јавен превоз на патници без да поседува важечка возачка дозвола.

Против возачот З.С. (54) од Скопје и сопственикот на возилото, правен субјект од Скопје се преземени соодветни мерки и ќе се соочат со законски предвидената санкција.


Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

13 годишно дете ја срушило канделабрата во Карпош

УСТАВЕН НИХИЛИЗАМ ИЛИ КРИЗА НА СУВЕРЕНИТЕТОТ?

Ахемти не планира да биде доживотен претседател на ДУИ