Утрински Весник
Балкан

Приведен независен пратеник кој физички нападна колега во ходникот од грчкото Собрание

Tepacka Vo Grckiot Parlament.png
Dik 300x250 mk

Грчката полиција го приведе независниот пратеник Константинос Флорос за физички напад врз колегата од Хеленик Солушн Граменос, во ходникот на Собранието. Поранешниот пратеник на Спартанците е приведен во канцелариите на Генералната полициска управа на Атика врз основа на член 157 од Кривичниот законик за насилство врз политички орган или Влада, додека Граменос е пренесен во Општата болница со скршеница на носот, му прават тестови и се очекува детално соопштение за неговата здравствена состојба. Како што рече претседателот на грчкото Собрание, Константинос Тасулас, член 157 од Кривичниот законик предвидува дека секој што ќе изврши насилство врз пратеник се казнува со затвор до 10 години. Тој, исто така, нагласи дека Граменос немал време ниту да гласа на тековното гласање во Парламентот. Тој дури посочи дека со пратеничкиот имунитет се опфатени прекршоците, но не и кривичните дела, па „насилникот на овој вулгарен и варварски напад можеме да го обвиниме за кривично дело“.

Можете да прочитате

Ердоган: Турција од увозник до светски фактор во одбранбената индустрија

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

Словенија: Подигнат споменик за мигрантите погребани во неименувани гробови, а кои загинале на Балканската рута