Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Приведен насилник од Синѓелиќ, се заканувал и оштетил возила

Приведени пет крадци во Штип, ги признале делата
Img 7972

Вчера во 19.40 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Б.И.(31) од с.Сингелиќ, скопско.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи дека во периодот од 07.07. до пријавувањето на 27.07.2023, во повеќе наврати упатувал закани кон Г.Д.(28) од Скопје. Според пријавеното, Б.И. на 07.07.2023 го однел своето возило на поправка во авто сервисот на Г.Д.(28) од Скопје, а откако Г.Д. му кажал дека парите што му ги дал за купување резервни делови биле фалсификувани, тој во неколку наврати преку смс пораки му упатил закани дека ако не му го поправи возилото ќе треба да му даде 5.000 евра.

Исто така, според пријавеното, на 26.07.2023 Б.И. со тврд предмет се заканил на друг вработен во сервисот и оштетил неколку возила оставени за сервисирање. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

СП: Разрешениот директор на неврологија нема активна лиценца, па не може да му биде одземена

СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

Тинејџер од Кавадарци доби кривична пријава за вонбрачен живот со дете