Утрински Весник
Македонија

Приведен малолетник, испратил порака со заканувачка содржина во средно училиште во Скопје преку VPN адреса

Санкционирани 14 пијани возачи во Битола

Денеска Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15-годишник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам”, предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичен законик.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот малолетник на 24.02.2023, користејќи го својот мобилен телефон креирало електронска адреса, и истиот ден, користејќи го својот лап-топ компјутер од својот дом испратило порака со заканувачка содржина на службената електронска адреса на едно средно училиште во Скопје, за која по извршени проверки било утврдено дека е лажна. Притоа, со цел да ги прикрие своите активности при испраќање на поракaта малолетникот користел VPN апликација.

По преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика утврдена е користената IP адреса, чиј сопственик е таткото на малолетникот, а врз основа издадена Наредба за претрес на дом од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во домот на родителот на малолетникот, од каде привремено се одземени мобилен телефон, сим картичка и лаптоп компјутер кои ги користело малолетното лице.

Од извршеното вештачење е утврдено дека истата електронска адреса е користена за да се испраќаат пораки со заканувачка содржина до неколку училишта на територијата на град Скопје од мобилен телефон и од лаптоп компјутер, во повеќе наврати.

На 03.03.2023, во присуство на негов родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, во полициска станица е извршен службен разговор со малолетникот, во текот на кој тој го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј