Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар од Србија, пронајдени мигранти од Сирија близу Неготино

Приведен криумчар од Србија, пронајдени мигранти од Сирија близу Неготино

Денеска во 12.15 часот во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода М.Н.(30) од Република Србија.

dobivaj vesti na viber

При контрола во патничко возило „форд мондео“ со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија. За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар.

По целосно документирање на случајот против М.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати