Утрински Весник
Македонија

Приведен криминалец од радовишко, осуден на казна затвор од осум години и два месеци

Lisici2.webp.webp

Денеска (28.02.2024) во 06.00 во село Дамјан, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.П.(37) од село Дамјан. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Куманово поради бегство од установата. А.П. бил осуден на казна затвор од осум години и два месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 10 месеци од казната.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

Можете да прочитате

Владата организира ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност

Речиси два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44 

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А-интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции