Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец во Велес

Lisici2.webp.webp

На 30.01.2024 во 17.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.А.(42) од Велес. Тој се сомничи дека околу 17.30 часот со употреба на сила и подесен алат влегол во црква на улица „Благој Ѓорев” во Велес и одзел пари.
Кај него биле пронајдени парите и биле вратени во црквата, како и предметот со кој го извршил делото. Тој бил приведен во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ

Конески: Да ги вклучиме младите во локалната власт и да им дадеме причина да останат во Македонија