Утрински Весник
Македонија

Приведен крадец во гостиварско

1706608799 1.webp.webp

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (29 јануари) околу 17 часот и 15 минути во гостиварска Горна Бањица лишиле од слобода малолетник од населба Фазанерија.

Тој се сомничи дека на 27-ми овој месец во Гостивар извршил разбојничка кражба над друг малолетник од населбата Циглана и му одзел личен предмет. Одземениот предмет вчера е пронајден и вратен на мајката на малолетникот.

По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.

Можете да прочитате

Куќа изгорела во близина на Пробиштип

Неисправен лифт во зграда тешко повреди тригодишно девојче во Радишани

Македонија ја губи младоста: 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно образование