Утрински Весник
Македонија

Приведен грузиец поради нудење поткуп

Tabanovce 696x357 1.jpg

На 09.03.2024 во 15.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Р.Грузија поради сторено кривично дело нудење поткуп.

Имено, тој на граничниот премин дошол со патничко возило „киа” со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра.

Р.Ш. е лишен од слобода, а утврдено е и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Можете да прочитате

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

57-годишник нелегално снимал и вознемирувал млада девојка

МЗ активираше електронски модул за лекари од дијаспора