Утрински Весник
Македонија

Приведен е криумчар, превезувал 11 мигранти од Сирија

Приведен е криумчар, превезувал 11 мигранти од Сирија

На 12.09.2022 во 10.15 часот пред тунел Јаворица, на автопатот А1 во правец Гевгелија-Демир Капија, полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ, Полициска станица Богородица, го лишиле од слобода П.Ч.(22) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

При контрола на патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 11 лица мигранти од Сирија.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово.

Лицата мигранти се предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против П.Ч. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Мицкоски во Кочани ќе означи почеток на изградба на сообраќајни и водоводни проекти

Лимани со Ахмети и Таравари на ифтар кај Рама во Тирана

Петровска: Како една од 120 пратеници им се извинувам на родителите од Кочани