Утрински Весник
Македонија

Приведен државјанин на САД во Тиквешко, одбил да приложи лична идентификација и нападнал полицајци

Policija 1.webp.webp

Државјанин на САД бил лишен од слобода рано утринава во Тиквешко, откако одбил да приложи лична идентификација и нападнал полициски службеници, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Денеска во два часот кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода Р.С., на возраст од 36 години од САД. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С., кој дал на увид сообраќајна дозвола и возачка дозвола, но, одбил да приложи документ за лична идентификација, по што физички ги нападнал полициските службеници кои вршеле службени дејствија, појаснија од СВР – Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на случајот, како што додадоа од СВР – Велес, ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Министерството за односи меѓу заедниците организираше настан по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Тренчевска до Димитровски: Зошто ги излажавте транспортерите кога проблемот не сте го решиле

Отповикана утрешната расправа за „Пулс“ поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите