Утрински Весник
Македонија

Приведен 19-годишник од Бојане кој завчера убил 18-годишник од истото село

Policzija 6.jpg

На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ.

Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане.


Од страна на полициските службеници М.Б. е приведен, а пронајдени се и телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството.

По документирање на случајот, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол

На 21 октомври во Куманово започнуваат „Вински Приказни“ – ново патувачко винско доживување

МЗ: Инициран вонреден инспекциски надзор за третманот што го добила медицинската сестра Љубица Шавреска која го загуби плодот