Утрински Весник
Македонија

Приведен 18-годишник поради кражбата на возилото на Итната помош во Кочани

Прегазен малолетен пешак во Кавадарци

Полицијата вчера приведе 18-годишник со иницијали Д.Н.(18) поради сомнение дека стои зад украденото возило на Итната медицинска помош во Кочани.

dobivaj vesti na viber

Воизлото беше украдено ноќта помеѓу петокот и саботата, а полицијата го пронајде вчера на улицата Кирил и Методиј и го врати на Итната медицинска помош.

„ По преземени оперативно – тактички мерки расчистени се и кривични дела „тешка кражба“ на компјутер и „одземање моторно возило“ „опел корса“, извршени претходно. Во службен разговор во полициска станица Д.Н. ги признал делата, а одземените компјутер и возило „опел корса“ биле пронајдени и вратени на сопствениците“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

Сајкоски: Платформата 1198 се обврзува на  150 милиони евра за поддршка на домашното стопанство

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Тренчевска: Најемотивна сум кога зборувам со пензионерите, креаторите на државата денес