Утрински Весник
Скопје

Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот

Privatni Prevoznici.webp.webp

Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје денеска и утре ќе возат само до 10 часот наутро, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.

Тие бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила и велат дека, од јануари, кога зеле само дел од средствата, не им се исплатени средства за услугата што ја даваат поради што веќе немаат пари за гориво и за одржување на возилата.

-До петок ќе возиме само до 10 часот, а потоа ќе решиме што ќе правиме – изјави вчера за МИА Оливер Петрушевски.

Нагласи дека дел од превозниците имале средба со разрешениот директор на ЈСП Скопје на која им ветил дека постепено ќе им ги исплаќа заостанатите средства и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментов, посочи, немаат никаква најава што ќе се случи по неговото разрешување и назначувањето на новиот директор на ЈСП.

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје), Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието, соопштија вчера попладне од ЈСП Скопје. Приватниците и Кушовски одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот, а во меѓувреме, како што наведуваат од ЈСП, ветеното од првата средба од страна на ЈСП е реализирано, со гаранција дека договорот во целост ќе биде испочитуван. И покрај тоа, дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараа финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. Тие најавија дека до петок како предупредување ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.

Можете да прочитате

(Видео) ГТЦ пропаѓа, дуќани се изнајмуваат и за нула денари

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Аеродром и Меѓународниот балкански универзитет

Во тек е акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 31 Јули, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје