Протестите прекинуваат и после оваа прес-конференција автобусите се повлекуваат од блокадите. Ќе му се даде простор на дијалогот што го предложи премиерот Димитар Ковачевски, истакна Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.
„Предложивме она што го кажа премиерот да се испочитува. Денеска по овој прес сите автобуси што се на улица да се повлечат, за да му се овозможи простор на дијалогот што тој го предлага и што за нас е основа за средба на која што, како што и самиот спомена ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целава оваа состојба од која што и нему и на пошироката јавност после тие средби се надеваме дека како авторитети од висока институција ќе бидат пренесени во изворна форма на јавноста за таа да не се стави во заблуда, рече Јовановски.
Истакна дека се прифаќа идејата тие како претставници на приватните превозници кои што располагаат со документација да ја презентираат на таа средба.
„Прифаќаме и инститираме на таа средба да има претставници и од Градот Скопје, но и од ЈСП каде ќе ги соочиме аргументите со кои што располагаат сите три страни, за јавноста да биде посоодветна запознаена. Во целост прифаќаме се што премиерот Ковачевски го кажа, бидејќи вистината е на наша страна и сметаме дека доколку постои таква институционална можност преку отворање на овој дијалог кој мора да биде интензивен и што побргу да се реши, дополни Јовановски.