Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Приватните автобуси се исклучија од сообраќај

Privaten Avtobus Javen Prevoz 696x522 1.jpg
Img 7972

Приватните превозници „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ денеска нема да сообраќаат, наведувајќи дека не добиле  поголема сума од онаа за која тврдат дека им се должи. Во 10 часот ги исклучија од сообраќај своите автобуси. Тие велат дека ќе возат како што веќе објавија од 5 до 10 часот додека не им биде намирен долгот од 90 милиони денари од ЈСП.

Според превозниците, вкупниот долг на ЈСП кон нив изнесува 170 милиони денари. Тие велат дека им е кажано оти Град Скопје префрлил дел од средствата кон ЈСП, но не е јасно каде се насочени парите.


Превозниците најавуваат дека ограничениот режим ќе трае додека не се изврши исплатата.

Можете да прочитате

Рампа, 24-часовно обезбедување на Вардариште – протестите продолжуваат, утре средба со Тошковски

Ѓорѓиевски ја претстави зелената визија за Скопје – изградба на мегапарк Лепенец од 300.000 метри квадратни, мегапарк Вардариште и зелени коридори низ целиот град

Меџити најави инсталирање на модерни лифтови во постарите станбени згради во Чаир