Утрински Весник
Македонија

Притвор за три лица од Прилеп, „заработија“ кривична пријава за „насилство” и „тешка телесна повреда”

Apsenje.jpg

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.М.(21), О.И.(26) и А.А.(34), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „насилство” по член 386 и „тешка телесна повреда” по член 131 од Кривичниот законик.

Тие се сомничат дека на 05.04.2024 околу 19 часот во близина на Градскиот часовник во Прилеп физички го нападнале С.Ч.(54) од Прилеп и му нанеле тешки телесни повреди.

По преземени мерки, набргу биле лишени од слобода и против нив е поднесена пријавата, а судија на претходна постапка им определи мерка притвор.  

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД