Утрински Весник
Македонија

Притвор за сопственикот на „ДоказМ“, однесен е во затворот во Шутка

Притвор за сопственикот на „ДоказМ“, однесен е во затворот во Шутка

Маријан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“ е однесен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, дознава „Макфакс“.

dobivaj vesti na viber

Судијата на претходна постапка, Пајазит Пајазити, му одредил мерка притвор поради тоа што ги смета за основани соменвањатаа на Обвинителството дека Стаменковски може да се даде во бегство.

Засега останува непознато колку дневен притвор му е одреден на сопственикот на „ДоказМ“.

Претходно, јавен обвинител побара притвор за Стаменковски. На товар на осомничениот му се ставаат повеќе кривични дела сторени од позиција сопственик на интернет-портал преку кој, како што информираа од Обвинителството, искористувајќи познанства и релации со разни профили на лица, преземал противправни дејства во континуитет. Се додава дека Стаменковски се служел со сопствениот интернет-портал знаејќи дека е достапен на неограничен круг лица како средство за ефективен притисок врз жртвите, притоа предизвикувајќи лавина општествени последици со несогледлива штета во форма на религиска омраза и ксенофобични идеи.

Можете да прочитате

Затворен патот Тетово–Јажинце, багери копаат за да го спречат огнот

Лажна помош на патиштата – нов трик со кој измамниците ве оставаат без пари

Пожарот во Јажинце ставен под контрола