Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари и кралската борба за Африка

Принцот Хари и кралската борба за Африка

„Би-би-си“, во својата серија писма од африкански новинари неелава објави едно од писателката Адаоби Трисија Нвубани, која се осврнува на она што Нигеријците мислат за најновите откритија на војводата и војвотката од Сасекс.

dobivaj vesti na viber

Нигеријците во моментов имаат многу проблеми со кои треба да се соочат, како што се мистериозниот недостиг на гориво, сеприсутната несигурност и претстојните претседателски избори.

„Сепак, искрените разговори за принцот Хари и неговата сопруга Меган по нивниот документарец на „Нетфликс“ и објавувањето на „Резерва“, мемоарите на најмладиот син на британскиот монарх, продолжуваат дури и во ‘Вот’с ап’ групите на нашите мајки и тетки – краен знак за популарноста на темата.“

Многу Нигеријци го гледале документарецот и ја прочитале книгата, протокот на ударни наслови е нашироко дискутиран во оваа поранешна британска колонија.

„Мајка ми, која ретко чита британски весници, се чини дека има повеќе детали за сагата од мене – и многу други наводни инсајдерски информации. Нигериските групи на WhatsApp се озлогласена почва за лажни и чудни вести,“ пишува авторката на писмото.

„Од насловите што ги видовме досега, Африка се појави неколку пати во приказните на Хари и Меган. Двојката со љубов разговараше со ‘Нетфликс’ за нивната дадилка од Зимбабве и за тоа како ѝ дозволија да го носи нивниот син Арчи на грб, врзувајќи го со крпа, што е вообичаено во многу африкански земји.“

Хари откри во документарецот дека сакале да се преселат во Јужна Африка, но го отфрлиле тој план откако бил обелоденет во медиумите.

Принцот е особено ангажиран во Лесото, кој е опкружен со Јужна Африка и каде што првпат отишол како 19-годишен и продолжил редовно да го посетува – спријателувајќи се со принцот Сеисо. Заедно основаа добротворна организација во 2006 година за да им помогне на ранливите деца, особено на оние погодени од епидемијата на ХИВ.

Во својата книга тој, исто така, ја опиша подоцнежната кавга со својот постар брат Вилијам околу тоа кој треба да го има главниот збор за Африка.

Сепак, ниту ова ривалство помеѓу браќата, ниту другите споменувања на континентот се чини дека не предизвикаа толку голем интерес кај Нигеријците како описот на Хари во книгата на случка во 1999 година со леопард во Боцвана, што тој го протолкува како порака од својата мајка, покојната принцеза Дијана.

Хари имал „блиска средба“ со леопард што се појавил во нивниот сафари камп една вечер… тој направил чекор кон животното, но некои од помошниците веднаш го тргнале настрана.

„Мислев на мајка ми. Тој леопард, без сомнение, беше сигнал испратен од неа”, напиша Хари. Потоа откри дека се консултирал со медиум, која му пренела и порака од мајка му.

„Ти живееш живот каков што таа не можела. Го живееш животот каков што таа сакала за тебе”, му рекла неименуваната жена.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста