Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари го победи Обама за титулата најбрзо продавана книга на сите времиња

Принцот Хари го победи Обама за титулата најбрзо продавана книга на сите времиња

Автобиографијата на принцот Хари „Резерва“ собори рекорди по објавувањето на 10 јануари, дури и ја надмина книгата на Барак Обама и стана најбрзо продавана нефиктивна книга на „Пингвин рендом хаус“ на сите времиња.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува „Њујорк тајмс“, мемоарите на војводата од Сасекс стана најпродаваната нефиктивна книга на издавачот на првиот ден од објавувањето, со 1.4 милиони продадени примероци првиот ден и претпродажба во САД, Велика Британија, и Канада. Книгата во Обединетото Кралство се продаде во 400.000 примероци.

Во изјава за „Холивуд репортер“, Џина Центрело, претседателка на „Рендом хаус груп“, нагласи: „Гледајќи ги овие извонредни продажби од првиот ден, читателите јасно се согласуваат, Spare е книга што бара да се чита и тоа е книга на која сме горди што ја издадовме.“

Спротивно на тоа, книгата A Promised Land („Ветена земја“) на поранешниот американски претседател Барак Обама во 2020 година забележа 887.000 продадени примероци во првиот ден во САД и Канада, а на мемоарите на неговата сопруга Мишел Обама, Becoming, ѝ требаше една недела да се продадат 1.4 милиони примероци. Успехот на книгата на принцот Хари е особено вреден со оглед на тоа што беше протечена неколку дена пред објавувањето, па дури и случајно беше пуштена во продажба во Шпанија пет дена пред објавувањето.

Бројката ги вклучува сите формати и изданија, вклучувајќи е-книги и печатени копии.

„Првиот цел ден од продажбата на Spare претставува најголемата вкупна продажба од прв ден за која било нефикциона книга досега објавена од Penguin Random House, најголемиот трговски издавач во светот“, според списанието „Пипл“.

Можете да прочитате

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

„150 желби за 150 деца без родителска грижа“ – новогодишната хуманитарна кампања на СОС Детско Село

Дневен хороскоп за 15 декември 2025 година