Утрински Весник
Македонија

Примањата минимални, просечни – цените се повисоки: Како граѓаните го преживуваат месецот?

Image 135028.jpg

Според пресметките на ССМ, во октомври вредноста на минималната кошница изнесува 61.249,00 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари таа е минимално намалена за 57,00 денари.

Споредбено на ова, од март годинава минималната плата во Македонија изнесува 22.567 денари во нето износ, што значи дека за покривање на минималната кошничка потребни се 3 минимални плати па и повеќе доколку треба да изнајмите стан за живеење.

Инфлацијата си го направи своето, а стандардот на Макеоднците е висок, за мизерните плати кои поголемиот број граѓани ги добиваат. Поради тоа ги прашавме граѓаните на терен, дали нивните примања се доволни за покривање на нивните месечни трошоци и на што најмногу трошат пари.

Сите граѓани кои ги сними камерата на 24Инфо изјавија дека примањата не им се доволни и дека цените на производите, особено на прехранбените продукти како и цената на струјата и комуналиите кои ги плаќаат се превисоки.

“Приходите не се доволни затоа што не ја стигнуваат инфлацијата. Не стасуваат за да го поминеме скромно месецот”, вели еден граѓанин, додека друг додава дека цените на производите за храна во продавниците не само што не се намалени туку одат и нагоре.

“Цело лето најевтин домат беше 100 денари, сега 130, 150 денари, па за друго што да кажеме… Сметките за струја исто така се покачија. Што рекоа ќе донесат потрошувачка кошничка… тоа е мисловна именка”, револтирано изјави истиот граѓанин.

Од услугите кои граѓаѓните ги плаќаат, најмногу се жалат за цената на струјата. Велат таа сега е ненормално скапа. Се што ќе се намали прво се покачува, па фиктивно се намалува.

“Примањата се скромни, да не речам минимални, просечни, но животот е таков, мораме да одиме напред…”, заклучува друг граѓанин.

Целата анкета можете да ја погледнете во продолжение, а вие слободно напишете ни во коментар како го поминувате месецот.

Н.Ј.

Можете да прочитате

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?