Утрински Весник
Македонија

Нов началник и нов командир во кочанската полиција

Ovr kocani .jpg

Општинското одделение за внатрешни работи во Кочани доби ново раководство. Со најновите кадровски решенија, на клучните позиции во ОВР Кочани се именувани Тоше Стојанов и Драганче Даневски, полициски службеници со долгогодишно искуство.

За нов началник на ОВР Кочани е назначен Тоше Стојанов, кој ја презема функцијата од Филип Костовски. Стојанов има повеќе од десет години полициска кариера, во која работел во специјализирани полициски единици, а претходно бил и инспектор задолжен за сузбивање на недозволена трговија со дрога.

На позицијата командир на Полициската станица од општа надлежност Кочани е поставен Драганче Даневски. Тој доаѓа на местото на Горан Миленковски – Спенсер и зад себе има речиси три децении работен стаж во Министерството за внатрешни работи. Во текот на кариерата бил заменик-командир, а на новата функција е унапреден од позицијата инспектор за увиди при ОВР Кочани.

Кадровските промени во локалната полиција доаѓаат по трагичниот настан од 16 март 2025 година во дискотеката Пулс, кој силно ја вознемири јавноста и ја отвори дебатата за одговорноста и функционирањето на безбедносните институции на локално ниво.

Можете да прочитате

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран