Утрински Весник
Македонија

Приколка од товарно возило усмрти маж од Младо Нагоричане

Polici A.webp.webp
Dik 300x250 mk

Шеесет и петгодишен жител на село Младо Нагоричане починал откако бил прегазен од приколка која ја превезувал со товарно моторно возило, соопшти денеска СВР Куманово.

Несреќата се случила вчера, околу 11 часот на крстосницата од улицата „Ѓорче Петров“ и крак од оваа улица во кумановската населба „Перо Чичо“.

– Л.Д.(65) од с. Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, бил удрен од приколка и починал на местото. Тој со товарно возило влекач „ман“ со приколка со кумановски регистарски ознаки превезувал работна машина багер. На местото на настанот го запрел возилото и со сопатникот Љ.Б.(37) од село Бразда, започнале со истоварање на работната машина од приколката. Откако Љ.Б. влегол во багерот, Л.Д. останал надвор од возилото да му дава насоки да го спушти од приколката. Притоа, приколката се придвижила, при што влекачот удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.В.(47) од Куманово, кој се здобил со повреди, констатирани во болницата во Куманово. Во обид да го запре возилото, Л.Д. бил прегазен од приколката и од здобиените повреди починал на местото, информираа од полицијата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител, екипа од СВР Куманово и трудов инспектор.

Можете да прочитате

Костадинов: Ова не е обичен пораз, туку тешка брука

ВМРО-ДПМНЕ: Остваривме историски резултат, по 20 години победа во прв круг во бастионот на СДС, Струмица и во 33 општини

37-годишник осомничен за обид за убиство на сопствениот брат