Утрински Весник
Свет

Пригожин повторно се заканува дека ќе се повлече од Бахмут

Пригожин повторно се заканува дека ќе се повлече од Бахмут
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шефот на приватната воена компанија, Вагнер, вели дека неговите луѓе ќе почнат да се повлекуваат од Бахмут следната недела, бидејќи се помалите резерви на муниција и зголемените загуби значат дека „немаат со што да го мелат месото“.

dobivaj vesti na viber

На својот официјален Телеграм канал во саботата, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, ја обвини руската воена команда за недостигот на муниција и рече дека неговите сили ќе почнат да се повлекуваат од 10 мај.

„Окупиравме 95 отсто од Бахмут. За овие последни 5%, „Црвената армија“ [руските вооружени сили] не играат никаква улога“, рече Пригожин. „Немаме потребна муниција и никој не комуницирал со нас за враќање во полн капацитет“, рече Пригожин. „Подобро е да ја спасиме нашата војска отколку да ја добиеме битката.

Можете да прочитате

Зеленски: Украинците сонуваат за мир и за крај на Путин

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарскиот олош

ФБИ нашле еден милион нови документи за Епштајн