Утрински Весник
Македонија

При пораѓај со царски рез: Гинеколог ѝ ја сошил матката со мочниот меур на пациентка во Велес

Opratsiona Sala Bolnitsa Veles.jpg

Гинеколог од ЈЗУ Општа болница Велес кога породувал млада пациентка со царски рез, ѝ ја сошил матката со мочниот меур, поради што болницата за оваа лекарска грешка е задолжена од Апелациониот суд да ѝ исплати на родилката 15 илјади евра. Како што дознава „Слободен печат“ случајот во судските лавиринти се влечел 10 години, затоа што Обвинителството во Велес ја отфрлало нејзината кривична пријава и ја сметало за „работа што не се гони по службена должност“. Финално предметот оконча на крајот на 2024 година, кога досудената отштета е правосилно потврдена и родилката после повеќе од 10 години ја дочека правдата за хоророт што го преживеала.

Пациентката претрпела физички болки, страв, душевни болки, намалена животна активност и несигурност да забремени по вторпат поради траумите од првото породување.


Директорот на велешката болница Александар Бузалков за „Слободен печат“ вели дека гинекологот уште работи во јавната здравствена установа. Според Бузалков пресудата сигурно ќе има финансиска импликација врз буџетот на болницата, но судските одлуки мора да се почитуваат. Во моментот болницата располага со полиса за осигурување од лекарски грешки, но пред 10 години кога се случил настанот немале. Така што, исплатата ќе се прави од сопствените средства на јавната здравствена установа.

Целиот текст прочитајте го на Слободен печат.

Можете да прочитате

Одбележување на 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 припадници на Армијата

Апел за помош на Наце Ристов – да му дадеме шанса за живот заедно со двете дечиња и сопругата

Во Старо Нагоричане лани изградени и санирани десет патни правци