Утрински Весник
Македонија

При контрола во камион и магацин пронајдена поголема количина прехранбени артикли со изминат рок на траење

Расчистена кражба во Ресенско, уапсени тројца крадци

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење.

dobivaj vesti na viber

Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на подрачјето на Гази Баба, сопственост на Б.М.(45) од с.Романовце, кумановско, од каде ја зел стоката, при што сопственикот признал дека е негова. Во магацинот биле пронајдени дополнителни околу 600 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење и празна амбалажа за пакување на производите.

Пронајдената стока, од Агенцијата за храна и ветеринарство е прогласена за небезбеден производ. Со сопственикот на магацинот бил извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Семејствата на загинатите во „Пулс“ бараат финансиска помош и снимање на судската постапка

Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

На сред судење вербално нападната судијката која одлучува по спорниот случај со мајката Невена