Утрински Весник
Македонија

При царинска контрола запленет фреон во боци штетни за здравјето на луѓето и животната средина

При царинска контрола запленет фреон во боци штетни за здравјето на луѓето и животната средина

Царински службеници на граничниот премин Богородица спречија недозволено внесување фреон во боци за еднократна употреба, што се забранети за увоз.

dobivaj vesti na viber

Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д. Г., соопшти Царинската управа.

При царинска контрола на возилото биле пронајдени 1.150 боци со неколку типови фреон со вкупна тежина од над 13,5 тони. Прометот на средства за ладење во цилиндри за еднократна употреба е забранет заради заштита на животот и здравјето на луѓето и на животната средина, како и заради елиминирање на истекувањата супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка.

Стоката е привремено задржана, а за едно физичко и а едно правно лице се поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство за кривично дело недозволена трговија, казниво според Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Стевчо Јакимовски му возврати на Борко – Се прашуваш ли дали си достоен да ја извршуаат оваа функција?

СДСМ бара оставка од министерот за спорт Борко Ристовски

Пожарот кај Крива Паланка се шири кон куќите, стигна и до Србија