Утрински Весник
Македонија

Презентација на резултатите за квалитетот на внатрешниот воздух во училишта и градинки

Gradinka.webp.webp

Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ што го спроведува УНДП, денеска ќе бидат презентирани резултатите за квалитетот на внатрешниот воздухот во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Настанот ќе го отворат амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џејн и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. Резултатите од истражувањето ќе ги презентира ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски.

Предвидено е и одржување на панел дискусија на која, според најавата, ќе се обратат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, министерот за здравство, Арбен Таравари и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ се спроведува во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, како и со општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга, а дел од Рамковната програма на УНДП, финансирана од Шведска.

Можете да прочитате

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Умереното консумирање кафе поврзанo со подобро ментално здравје

Средба Сали – Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство