Утрински Весник
Македонија

Презентација на наоди од истражување за состојбата со децата на улица

20240411181041 Big 730x400 18.webp.webp
Ss2

Во Центарот за дневен престој за деца во ризик „Патека на надеж“ што се наоѓа во објектот на градинката „8-Ми Април“ во Општина Шуто Оризари, денеска ќе се одржи настан на тема „Растењето на децата во здрава семејна средина, со квалитетна родителска грижа-клучен сегмент за ефикасно решавање на негативната појава-деца на улица и питачењето“, соопштија од Одделот за односи со јавноста кај Народниот правобранител.

На настанот организиран по повод 12 Април Меѓународниот ден на децата на улица, државниот советник од канцеларијата на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа, како што е најавено, ќе ги презентира наодите од истражувањето за состојбата со децата на улица во Република Северна Македонија, а презентација ќе имаат и претставици од дневните центри од општините Шуто Оризари и Кисела Вода.

300x250 (7)

Инаку, настанот е организиран во рамките на ЕУ проектот „Зајакнување на основните права и засилена примена на алтернатините мерки“ финансиски подржан од Европската Унија.

Ss1

Можете да прочитате

Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина

„Биди хуман- спаси живот”: Крводарителска акција во Уставниот суд денеска по повод 60 години oд постоењето

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп