Утрински Весник
Македонија

Презентација на Нацрт правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материјали

20240411175226 Big 730x400 99.webp.webp

Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери денеска ќе биде презентиран Нацрт-правилникот за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи, соопштија од Сојузот на стопански комори на Македонија. 

Комората на овластени архитекти и овластени инженери, ја организира презентацијата со цел да ја запознае јавноста која работи во областа на заштита од пожари, од една страна инженерите – проектанти, надзори, изведувачи, ревиденти, а од друга страна претставниците на органите надлежни за спроведување и контрола на законската регулатива од оваа и сродните области. По оваа презентација, во нареден период планирани се соодветни анкети, работилници и трибини за негова разработка, се наведува во соопштението.

Во текот на 2022 и 2023 година Комората со поддршка од Дирекцијата за заштита и спасување проактивно работела на изработка на текст за Нацрт-правилник за мерките за заштита од пожари, експлозии и опасни материи. Нацрт-правилникот, се додава меѓу другото, е во тек со европските прописи за предметната проблематика, но истовремено е адаптиран на локалните услови.

Можете да прочитате

Син ја претепал мајка си во Скопје – заврши со тешки повреди во болница

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара 

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор