Утрински Весник
Македонија

Презентација на кампања за унапредување на родовата еднаквост

Rodova Ednakvost.webp.webp

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, денеска на средба со новинарите, ќе ја презентира кампањата фокусирана на унапредување на родовата еднаквост, којашто ќе започне да се спроведува од овој месец. На средбата, како што најавија од Националната мрежа, ќе стане збор и за состојбата со родовата еднаквост во земјава.

– Иако на глобално и национално ниво има унапредување на родовата еднаквост, сè уште постојат предизвици кои треба да се надминат за да се обезбеди целосна еднаквост и заштита на правата на жените. Кампањата ќе даде и одговор на придобивките од родовата еднаквост за целото општество и важноста на борбата против родово-базираното насилство. Медиумските работници, особено новинарите, се клучен сојузник во овој процес, кои треба да ги пренесат нашите пораки до пошироката јавност, наведуваат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. 

Можете да прочитате

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне