Утрински Весник
Македонија

Преземете ја контролата врз вашето здравје со апликацијата „Мое здравје“, повика Меџити

Преземете ја контролата врз вашето здравје со апликацијата „Мое здравје“, повика Меџити

Сите издадени упати, рецепти, прегледи, дијагнози, лаборатории и податоци за примени вакцини отсега им се достапни не само на лекарите туку и на пациентите. Во функција е апликацијата „Мое здравје“ која ги обединува податоците од системот „Мој термин“ со податоците од Фондот за здравствено осигурување па пациентите електронски, во секое време и од секое место ќе имаат увид во сопствените здравствени податоци и прегледни како од матичните лекари така и од специјалистите.

dobivaj vesti na viber

„Оваа апликација ќе го смени начинот на управување со нашето здравје. Апликацијата за електронско-здравствена евиденција ‘Мое здравје’ на секој граѓанин му овозможува увид во сопствените здравствени податоци. Преку ‘Мое здравје’ можете лесно да пристапите и да ја истражувате вашата медицинска историја, детали за рецепти, специјалистички и дијагностички лабораториски и болнички упати, досиеја за имунизација. Се што треба да знаете за вашите здравствени услуги е добро организирано и лесно достапно. Оваа апликација ја става моќта на информацијата директно во вашите раце. Беспрекорна интеграција со системот Мој термин. Сите ваши здравствени податоци автоматски ќе се преземат и синхронизираат. Апликацијата ќе ве поттикне да станете активен  учесник во грижата за сопственото здравје. ‘Мое здравје’ претставува значителен скок напред во нашиот здравствен систем. Го поканувам секој од вас да ја прифати моќта на Мое здравје. Преземете ја контролата врз вашето здравје и добијте вредни сознанија“, рече министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната презентација на апликацијата.

Жаклина Чагоровска од Управата за електронско здравство објасни дека апликацијата веќе е достапна за сите корисници на здравствени услуги во јавното здравство. На неа почнале да работат уште пред ковид-кризата која ги успорила, а ја направиле за да ги претстават податоците кои досега им биле достапни само на матичните лекари и на лекарите специјалисти.

„Апликацијата е достапна од 12 мај. Можете да ја симнете. Одевме кон тоа да биде едноставна за користење, но да ги содржи оние податоци оптимално кои се потребни кои сега во овој момент можеме да ги пружиме на граѓаните за тие да имаат пристап и да добијат всушност добри информации за кои не е потребно можеби да го посетат својот лекар туку ќе ги добијат на својот мобилен уред. Апликацијата го претставува вашето електронско здравствено досие. Наменета е за граѓаните од сите возрасти кои сакаат да имаат пристап до своите здравствени податоци. Податоците се преземаат од системот  ‘Мој термин’ кој оваа година навршува 10 години од постоењето и навистина е богат извор на податоци за здравјето“, рече Чагоровска.

Освен на пациентите таа ќе служи и како поддршка за здравствениот систем. Достапна е македонски, албански и англиски јазик во мобилна и деск-топ верзија.

Можете да прочитате

ОД ОВОЈ ПЕТОК НИ ДОАЃА ЛАДНИОТ ЦИКЛОН: Ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка!

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти