Утрински Весник
Економија

Преземени се тековни активности од страна на УЈП со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски

Ujp 1.jpg

Преземени се тековни активности од страна на УЈП со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски за поднесување ДДВ -04 пријава за последниот даночен период. Оваа информација излезе по реакциите дека даночните обврзници не можеле да поднесат ДДВ -04 пријава за последниот даночен период поради технички проблеми.

Пред истекот на законскиот рок за доставување на ДДВ-04 пријавите, од нивна страна објавено е соопштение на официјалната веб-страница на УЈП на 23.1.2026 година со апел до сите даночни обврзници навремено да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ја исполнат законската обврска за поднесување и плаќање на данокот на додадена вредност искажан во месечните и тримесечните ДДВ-пријави и да ги исполнат своите законски обврски навремено за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци. Линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1188 .

– Проследени се и превентивни пораки преку електронската пошта [email protected] на 22.1.2026 година до 2.534 даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-пријава за даночниот период 1.12.2025 – 31.12.2025 година, како и на 23.1.2026 година до 11.967 даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-пријава за даночниот период 1.10.2025 – 31.12. 2025 година, посочуваат од УЈП.

Нагласуваат дека во периодот на масовно поднесување на пријавите Управата за јавни приходи обезбеди континуирана техничка поддршка и достапност на ресурсите, вклучително и увид во функционалноста на системите во согласност со кој не беа забележани технички проблеми во функционирањето на системот.

– За тоа е објавено соопштение на официјалната веб-страница на УЈП на 26.1.2026 година со укажување дека поднесувањето голем број на ДДВ-04 пријави во последниот ден значително го оптоварува електронскиот систем поради што можно е зголемување на времето на чекање за обработка на даночните пријави. 

Можете да прочитате

УЈП: Даночната дисциплина и фер конкуренцијата се неразделни

СДСМ: Цела недела Владата не презема мерки за цените на горивата

Цената на нафтата порасна 103 долари по барел