Вчера, околу 13.00 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 60-годишниот В.П. од кичевско Тајмиште.
„Тој со товарно моторно возило „фап“ со охридски регистарски ознаки превезувал огревни дрва без потребните документи“, велат од МВР.
В.П. е задржан за документирање на случајот, додека возилото со потврда му е одземено за натамошна постапка и ќе следува соодветна пријава.