Утрински Весник
Македонија

Превентивни активности на МВР за заштита од пожари и побезбеден сообраќај

Превентивни активности на МВР за заштита од пожари и побезбеден сообраќај

Во текот на вчерашниот ден (26.09.) на подрачјата под надлежност на Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола и Штип и РЦГР Север од страна на полициски службеници беа реализирани повеќе превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштитата на шумите од пожари.

dobivaj vesti na viber

Така, на подрачјето на СВР Скопје, поточно во реоните на селата Орман и Никиштани беа спроведени превентивни активности од кампањата за заштита на шумите од пожари, додека пак на подрачјето на СВР Штип, односно во Делчево, ОВР Делчево ја реализираше акцијата под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“.

Полициски службеници од СВР Битола односно од ОВР Прилеп, Крушево и Ресен на подрачјето на Прилеп, Крушево и Ресен спроведоа едукативно-превентивни активности во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот овој пат фокусирајќи се на правилното паркирање, на заморот како проблем во сообраќајот и на безбедноста на пешаците.

Вчера и полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, поточно од ПС за ГП и ГН Пелинце на подрачјето на оваа организациона единица спроведоа едукативни активности во насока на превенција од шумски пожари.

Можете да прочитате

Изгаснат пожарот на стрелиштето „Пенуш“, пожарникарите интервенираат на запален трансформатор

Мицкоски: Укинувањето на Балансерот е препорака од Европската Унија

Измерени рекордни 40 степени: Кој град беше најтопол денес во Македонија